Top Sport

Серафимов доби место во најдобриот тим во првенството на Унгарија

Македонскиот фудбалски интернационалец Никола Серафимов е избран во најдобриот тим на првенството на Унгарија за изминатата сезона. Тој доби големо признание за игрите во дресот на ЗТЕ во изминатиот шампионат.

Место во идеалниот тим во унгарскиот шампионат според изборот на фанвите имаше и за поранешниот фудбалер на Вардар, Јасир Асани, кој го носи дресот на Кишварда.

Никола Серафимов на мечот против Гибралтар во Лигата на нации го имаше своето деби и во А-репрезентацијата на Македонија.

Scroll to Top