Top Sport

Атлетико Мадрид остана без Хектор Ерера за дуелите против Манчестер Сити во ЛШ

Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Хектор Ерера, има повреда на бутниот мускул која речиси сигурно ќе го спречи да учествува во четврт-финалето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити следната недела. 31-годишниот Ерера, кој оваа сезона има 24 натпревари за Атлетико, беше стартер во тимот на Диего Симеоне на двата натпревари против Манчестер Јунајтед.

„По завршувањето на тренингот во средата, Хектор се чувствуваше непријатно. Тестовите покажаа дека има повреда на бутниот мускул“, соопштија од Атлетико Мадрид.

Шампионот на Шпанија не одреди конкретен период за опоравување на мексиканскиот репрезентативец.

Атлетико Мадрид утре ќе се сретне со Алавес во натпревар од 30. коло во шпанскиот шампионат, а средбата против Манчестер Сити е закажана за следниот вторник.

Scroll to Top