Top Sport

Другиот Анчелоти ќе го предводи Реал Мадрид против Челси?

Синот на Карло Анчелоти, Давиде, би можел да го замени својот татко на клупата на Реал Мадрид следната недела, кога „кралевите“ ќе се соочат со Челси во Лигата на шампионите.

Карло Анчелоти покажа позитивен тест за Ковид-19 и сигурно ќе го пропушти следниот натпревар од Ла Лига, гостувањето кај Селта. Сепак, „кралевите“ имаат далеку потежок тест следната недела, кога на „Стемфорд Бриџ“ ќе му гостуваат на актуелниот освојувач на Лигата на шампионите во првиот меч од четврт-финалето на натпреварувањето. Натпреварот ќе се игра на 6. април.

Давиде беше позитивен на Ковид-19 во декември, заедно со уште четворица играчи на Реал Мадрид. Тој работи со својот татко долги години, стана негов помошник тренер во Баерн Минхен, а потоа го следеше и во Наполи и Евертон пред да пристигнат заедно во Мадрид.

Scroll to Top