Top Sport

Епски дебакл – Оклахома на минус 73 против Мемфис

Кошаркарите на Мемфис Гризлис против Оклахома сити Тандер забележаа победа со најголема разлика во историјата на НБА лигата. Гризлис, без својот најдобра играч Џа Морент, победија со 152:79.

Мемфис буквално ја растурија Оклахома, во финишот на натпреварот нивната предност изнесуваше 78 поени. Претходниот рекорд, од 1991 година, беше во сопственост на Кливленд (148:80) против Мајами Хит.

До победата Гризлис ги предводеа Џарен Џексон со 27, Диентони Мелтон со 19 и Санти Алдама со 18 поени.

Мемфис се петти на Западот со 12 победи и 10 порази, Оклахома со шест победи и 16 порази се наоѓа на 16.место.

Scroll to Top