Фудбалерите на Атлетико Паранаенсе го освоија трофејот во Копа Судамерикана, клупско натпреварување во Јужна Америка, кое е пандан на Лига Европа на УЕФА. Атлетико во 94-годишната историја го освои првиот континентален трофеј.
Победникот во Копа Судамерикана беше решен по изведувањето на пенали, откако во два одиграни натпревари немаше победник.
![](https://topsport.mk/wp-content/uploads/2018/12/h_54838372.jpg)
Двете средби што ги одиграа Атлетико Паранаенсе и Атлетико Хуниор (Колумбија), завршија со резултат 1:1.
Во двете средби Бразиците беа тие што први постигнуваа гол. Во реваншот резултатот го отвори Пабло во 26.минута, а 30 минути подоцна израмни колумбискиот репрезентативец Тео Гутиерез.
![](https://topsport.mk/wp-content/uploads/2018/12/h_54838406.jpg)
Пенал-рулетот им припадна на фудбалерите на Атлетико Паранаенсе кои промашија еден пенал, додека играчите на Атлетико Хуниор два пати беа непрецизни од белата точка.