Атлетико Мадрид решиле да ја активираат откупната клаузула која стои во договорот на Сусо, тврди италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“.
Интерес кај Сусо покажуваат и Барселона односно ПСЖ, но според италијанските медиуми тој е најблиску до трансфер во „црвено-белиот“ дел на Мадрид. Челниците на Атлетико биле подготвени да платат 40 милиони евра.
Наводно промените што се случија на „Сан Сиро“, заминувањето на Џенаро Гатузо и спортскиот директор Леонардо, го натерале Сусо да ја донесе одлуката за да го напушти Милан.
Минатата сезона Сусо ја заврши со седум гола и 10 асистенции на 35 одиграни натпревари.