Top Sport

Бизарно! Рускиот „руки базуки“ ги извади мускулите, и сега ги продава!

Кирил Терешин, или попознат по својот прекар „руки базуки“, неодамна стана сензација на Интернет откако беше поразен во бизарен ММА меч со еден руски блогер.

„Руки базуки“, наречен така поради неверојатните мускули кои ги има добиени со вбризгување на супстанции за раст на мускулите, одамна е познат во Русија, но сега повторно е во центарот на вниманието откако неодамна мораше да оди на операција за отстранување на дел на бицепсот.

Сега, неколку дена подоцна, тој се обиде да заработи на уште побизарен начин – го продава месото кое беше извадено од него и чека најдобра понуда. Само во Русија.

Може ли да биде побизарно? Рускиот фајтер „руки базуки“ загуби од блогерот Монгол (видео)

Scroll to Top