Иако Еден Азар веќе им даде два гола на Ливерпул оваа сезона, признава дека „црвените“ се во фантастична форма пред нивниот неделен дуел на „Енфилд“, но додава дека нему и на неговите соиграчи не им е грижа кој ќе ја освои титулата, Ливерпул или Манчестер сити.
Челси се радуваа на триумфот во 2014 година со кој шансите за Ливерпул за титулата беа „уништени“ по лизгањето на Стивен Џерард, кога Жозе Мурињо трчаше покрај линијата, но Азар смета дека нема да има таква радост ако тие победат ова попладне.
„Мислам дека се ’жешки’ веќе две години, не само оваа сезона. Но, Сити, и тие се моќен клуб. Фантастично е да ги гледаш Ливерпул, нивниот менаџер е одличен, имаат фудбалери кои се меѓу најдобрите на светот, така што не чека тежок натпревар. Но, ние сме Челси и можеме да победиме било кого. Сакаме победа за да бидеме во топ 4, и не ни е грижа кој ќе ја освои титулата, мечот го играме сами за нас“, вели Азар.