Top Sport

Баер Леверкузен ги откажа тренинзите по големата експлозија

Бундеслигашот Баер Леверкузен го откажа тренингот по огромната експлозија во локалната хемиска индустрија во Леверкузен во која еден човек го загуби животот, четири луѓе беа повредени, а жителите добија советување да не ги отвараат прозорците.

„Хемпарк“ складиштето е во сопственост на хемискиот гигант „Баер“, а клубот Баер е формиран од вработени во компанијата. Експлозијата се случила во 9.40 часот наутро, по што избувнал пожар на складиштето предизвикувајќи повреди кај вработените.

„Поради експлозијата во Леверкузен и лошиот квалитет на воздухот, денешниот тренинг е поместен и ќе се оддржи во затворено“, објавија од клубот.

Scroll to Top