Конечно, Карл-Хајнц Румениге го потврди тоа што се очекуваше – Колумбиецот Хамес Родригез нема да добие постојан договор со Баерн Минхен и по двете години како позајмен фудбалер ќе се врати во Реал Мадрид ова лето, кои најверојатно ќе го „испратат“ во Наполи.
Со ова се става крај на кратката авантура на талентираниот Колумбиец во Баерн иако неговата откупна клаузула беше релативно ниска. Тој не успеа да го преземе стартното место на Томас Милер, откако пристигна во Баварија на барање на неговиот поранешен тренер, Карло Анчелоти.
Зидан тешко дека ќе му даде место на Родригез во Мадрид, така што Наполи, каде што сега е Анчелоти останува најверојатната опција, иако и клубови од Премиер лигата се заинтересирани за неговите услуги.