Сенегалскиот интернационалец Садио Мане и официјално е нов фудбалер на Баерн Минхен. Баварците денеска го промовираа големото засилување.
Мане доаѓа од Ливерпул и потпиша договор до 2025 година.
„Среќен сум што конечно ќе играм во Баерн Минхен. Имаше голем интерес од овој клуб и во минатото, и за мене сега немаше дилеми. Мислам дека е вистинско време за овој предизвик. Сакам да освојам се со овој клуб, како во Германија, така и во Европа. Додека бев во Салцбург, гледав многу натпревари на Баерн. Навистина, го сакам овој клуб“, изјави Мане.
?️ “Für mich gab es von Beginn an keinen Zweifel.” ✍️ #ServusMané
Alle Reaktionen zum Transfer von Sadio #Mané: https://t.co/HeXD3ta91K #MiaSanMia pic.twitter.com/9xuse1iXYZ
— FC Bayern München (@FCBayern) June 22, 2022