Францускиот напаѓач на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам, се наоѓа во трансферните плановите на Баерн Минхен, тврди германскиот „Спорт 1“. Новиот баварски скаут Маркус Пилава во неделата во живо го следел мечот на Борусија Менхенгладбах со посебен акцент на Турам, за да добие подлабок увид во квалитетите на 25-годишниот играч.
Напаѓачот го постигна последниот гол за својот тим.
Интересот на Баерн за Турам се уште е во почетна фаза. Тренерот Нагелсман побара од раководството да доведе уште еден квалитетен напаѓач во јануари.
Спортскиот директор на германскиот првак, Хасан Салихамиџиќ, го задолжи одделот за скаутирање да следи што е можно повеќе напаѓачи во наредните месеци.