Стоперот на Наполи, Ким Мин-Јае, прави трансфер во Баерн Минхен. Баварскиот клуб ја активираше откупната клаузула од 50 милиони евра и набрзо треба да го комплетира трансферот на Кореецот на „Алијанц арена“.
Наполи се обиде да го задржи, но не можеше да го спречи заминувањето на Ким Мин-Јае. Баерн Минхен на крајот победи во трката за одличниот дефанзивец за кого постоеше интерес и од Манчестер Јунајтед и од Пари Сен Жермен.
Тој веќе ги поминал медицинските прегледи и трансферот треба брзо да се официјализира.