Германскиот гигант Баерн Минхен ја зголеми отштетата за Садио Мане поради интерес од Саудиска Арабија, пренесува „Скај Германија“.
Медиумите во Германија првично тврдеа дека Баварците бараат 20 милиони евра за Сенегалецот. Сепак, сумата е веќе зголемена на околу 30 милиони и бонуси поврзани со учинокот на фудбалерот.
Според изворот, саудиските клубови Ал-Наср и Ал-Ахли веќе ги почнале прелиминарните разговори со претставници на Садио Мане.
Африканецот тренира во кампот на Баерн во пресрет на новата сезона и сака да се вклучи во азиската турнеја на тимот. Но, тој не е во најтесните планови на тренерот Томас Тухел и би можел да биде продаден пред почетокот на сезоната во Бундеслигата.