Top Sport

Баерн Минхен казнет за неисплаќање на минимална плата во тренинг комплексот на клубот

Германскиот шампион Баерн Минхен е казнет парично со 200.000 евра за непочитување на законот за минимална плата на вработените во тренинг комплексот, за периодот од ноември 2016 до ноември 2021 година, објавија  даночните власти во Баварија.

„Клубот соработуваше и случајот е затворен“, изјави портпаролот на институцијата, Томас Мајстер.

Истрагата започнала во ноември 2021 година откако било откриено дека „клубот не исплаќал минимални плати за вработените во тренинг центарот“. Всушност, во младинската академија клубот вработувал лица на краткорочна основа и ги плаќал по 450 евра.

Баерн Минхен покрај паричната казна од 200.000 евра, ќе мора да подмири и 45.500 евра за социјални придонеси.

Scroll to Top