Top Sport

Американците без супер-ѕвезда на Мундобаскетот

Кошаркарот на Јута Џез, Фолкер Кеслер потврди дека на претстојното Светско првенство ќе игра за Соединетите Американски Држави.

Кеслер (21) сезонава имаше просек од 9,2 поени и 8,4 скока и 2,3 блокади на 74 натпревари во НБА. Затоа оваа сезона беше избран во идеалниот тим на дебитанти на НБА.

Кошаркарот на Јута е деветтиот НБА играч кој потврди дека ќе игра за тимот на САД на Мундобаскетот.

Иако има неколку одлични играчи, во тимот нема ниту една супер ѕвезда.

Покрај Кеслер, за САД ќе играат најдобриот дефанзивец оваа сезона Џерен Џексон (Мемфис), Брендон Инграм (Њу Орлеанс), Ентони Едвардс (Минесота), Тајрис Халибартон (Индијана), Остин Ривс (ЛА Лејкерс), Микал Бриџис (Бруклин), Боби Портис (Милвоки) и Џејлен Бренсон (Њујорк).

Американските репрезентативци ќе ги започнат подготовките за СП на 3 август во Лас Вегас, а до почетокот на Мундобаскетот ќе одиграат осум пријателски натпревари.

САД ќе играат во групата Ц со Грција, Нов Зеланд и Јордан.

Мундобаскетот ќе се одржи во Јапонија, Филипини и Индонезија од 25 август до 10 септември.

Scroll to Top