Германскиот првак Баерн Минхен ќе ја почне одбраната на титулата во Бундеслигата на 18 август на гостувањето кај Вердер Бремен. Вицепрвакот Борусија Дортмунд во првото коло за противник ќе го има Келн.
Шампионот првиот домашен натпревар ќе го игра против Аугсбург на „Алијанц арена“, а потоа во третото и четвртото коло ќе се сретне со Борусија Менхенгладбах и со Баер Леверкузен.
Тимот на Томас Тухел сезоната ќе ја стартува против Лајпциг на 12 август во битката за трофејот во германскиот Суперкуп.