Top Sport

Баерн Минхен одолеа во Штутгарт и се врати на првото место во Бундеслигата

Баерн Минхен го победи Штутгарт на гости со 1:2 и се врати на првото место на табелата во Бундеслигата со 49 бода, колку што има и Борусија Дортмунд.

Матијс де Лихт донесе предност за Баерн Минхен со голот во 39.минута, а Ерик-Максим Чупо Мотинг во 62.минута зголеми на 0:2.

Штутгарт ја врати надежта со погодокот на Переа во 88.минута, но немаше сили да стигне до израмнување.

Scroll to Top