Top Sport

Баерн „пикира“ уште две засилувања од Бундеслигата

Германскиот првак Баерн Минхен вчера го претстави Садио Мане како ново засилување, но раководството на клубот продолжува со активност на трансфер пазарот затоа што тренерот Јулијан Нагелсман сака уште две засилувања.

Претходно баварскиот клуб ги доведе и Гравенберх и Мазрауи од Ајакс.

Нова цел на Баерн е фудбалерот на Лајпциг, Конрад Лајмер.

Австриецот има уште една година од договорот со „биковите“, но ја одбил понудата за продолжување на соработката. Неговата желба е повторно да соработува со Нагелсман, овојпат во Минхен.

И уште еден австриски репрезентативец може да заврши на „Алијанц арена“. Тоа е напаѓачот на Штутгарт, Саша Калајџиќ. За него се интересираше и Борусија Дортмунд, но очигледно дека „милионерите“ ќе се задоволат со ангажманот на Себастијан Але од Ајакс.

Scroll to Top