Top Sport

Баерн понижен во Менхенгладбах со историски пораз во ДФБ купот

Баерн Минхен го доживеа својот најтежок пораз во германскиот ДФБ куп, откако на „Борусија-Парк“ загубија со неверојатни 5:0 од Борусија Менхенгладбах во апсолутно неверојатен меч.

Стартот беше пеколен за тимот на Јулијан Нагелсман – Куадио Коне уште во втората минута ги донесе „ждребињата“ во водство, по што Алжирецот Рами Бенсебаини во 14. минута повторно го совлада Мануел Ноер. Во 21. минута беше 3:0, откако беше досуден пенал за Борусија, а Бенсебаини беше безмилосен.

Второто полувреме не помина подобро и не се случи некаков камбек на Баварците – Брил Емболо во 51. минута го даде четвртиот гол на мечот, за во 58. минута да додаде уште еден за 5:0.

ДФБ КУП, 1/16 ФИНАЛЕ

Баер Леверкузен – Карлсруе 1:2

Бохум – Аугзбург 2:2, 5:4 пен.

Динамо Дрезден – Санкт Паули 2:2, 2:3 по продолженија

Манхајм – Унион Берлин 1:1, 1:3 по продолженија

Борусија Менхенгладбах – Баерн Минхен 5:0

Хановер – Фортуна Диселдорф 3:0

Регензбург – Ханза Рошток 2:2

Штутгарт – Келн 0:2

Scroll to Top