Top Sport

Интер сигурен кај Емполи, Рома со камбек на Сардинија

Интер сигурно ја продолжи „потерата“ на лидерите Милан и Наполи, со 2:0 победа на гости кај Емполи, додека Рома на Жозе Мурињо имаше импресивен камбек против Каљари за 2:1 триумф.

Без Един Џеко на стартот, „нераѕурите“ дојдоа во водство во 34. минута преку Даниеле Д’Амброзио, а откако Емполи на стартот на второто полувреме останаа со играч помалку, Федерико Димарко во 67. минута го потврди триумфот.

На Сардинија, Паволети во 52. минута ги донесе Каљари во водство против Рома, но тимот на Жозе Мурињо избегна четврт меч без победа, откако Ибанез во 71. минута и Лоренцо Пелегрини во 78. минута стрелаа за „волчицата“.

СЕРИЈА А, 10.КОЛО

Каљари – Рома 1:2

Емполи – Интер 0:2

Лацио – Фиорентина 1:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top