Top Sport

Баерн влегува во трката за Ким Мин-Јае

Германскиот првак Баерн Минхен ќе се обиде да го доведе дефанзивецот на Наполи, Ким Мин-Јае, на „Алијанц арена“ ова лето. Досега Манчестер Јунајтед важеше за фаворит во трката по одличниот стопер, но Баерн сака тој да биде замена за Дајот Упамекано кој минатата сезона имаше неколку кардинални грешки на решавачки натпревари, посебно во Лигата на шампионите.

Наполи би заработил 60 милиони евра од продажбата на Ким Мин-Јае, со оглед дека тоа е сумата која стои во неговиот договор. Клубот од Неапол нема намера да попушти од финансиски аспект. Заработката ќе биде одлична, бидејќи Ким Мин-Јае дојде од Фенербахче за 18 милиони евра.

Во моментот, Јужнокореецот е во татковината и ја отслужува воената обврска која за заслужни спортисти се одвива по скратена процедура.

Scroll to Top