Top Sport

Челси дава 100 милиони евра за Каиседо?

Фудбалерот на Брајтон, Моисес Каиседо, е еден од најдобрите млади играчи во Премиерлигата. Еквадорецот од Брајтон вреди 55 милиони евра, а летово сакаат да го доведат Челси и Арсенал.

Брајтон бара повеќе од 100 милиони евра за играчот кој оваа сезона одигра 43 натпревари во сите натпреварувања. Постигна еден гол и забележа една асистенција, а одигра 3666 минути.

Челси направи сличен трансфер во јануари, го купи аргентинскиот играч за врска Енцо Фернандез од Бенфика за 121 милион евра, а новиот менаџер Маурисио Покетино сака на „Стемфорд бриџ“ да го има и Каиседо.

Scroll to Top