Европскиот шампион Баерн Минхен во два дена претстави три засилувања, откако вчера го договори Марк Рока од Еспањол, а денеска ги презентираше Ерик-Максим Чупо-Мотинг и Даглас Коста.
Напаѓачот Чупо-Мотинг доаѓа како слободен играч откако му заврши договорот со Пари Сен-Жермен.
„Прекрасно е чувството да се вратиш во Бундеслигата, и тоа во најголемиот клуб во Германија. Кој не би сакал да игра за Баерн?“, вели Чупо-Мотинг, кој доби едногодишен договор.
Покрај ова, Баварците го потврдија враќањето на Бразилецот Даглас Коста од Јувентус, кој доаѓа како позајмен фудбалер од Јувентус. Даглас Коста играше во Баерн од 2015 до 2017 година и во 77 меча постигна 14 гола.
"Es ist eine Ehre, für diesen Verein zu spielen. Beim #FCBayern ist es der Anspruch, immer alles zu gewinnen, und um diese Ziele zu erreichen, bin ich hochmotiviert." ?⚪#ServusChoupo ? #MiaSanMia pic.twitter.com/Fl5HDNsNpY
— FC Bayern München (@FCBayern) October 5, 2020
#ServusDouglas ? @douglascosta pic.twitter.com/bbmHD73WGV
— FC Bayern München (@FCBayern) October 5, 2020