Монца ја победи Салернитана со убедливи 3:0 за да се доближи на само два поени од лидерот во италијанската Серија Б, во меч кој беше одбележан со првиот гол на Марио Балотели за тимот на Силвио Берлускони по само 4 минути игра.
Монца, клубот каде што повторно работи старата двојка од Милан, Берлускони-Адријано Галијани и каде што тренер е поранешниот фудбалер на Милан, Кристијан Броки има амбиции за влез во Серија А, по што го ангажираа Марио Балотели, кој беше без настап од мај кога се искара со управата на клубот од неговиот роден град, Бреша.
По напорниот режим за ослабување и враќање во форма, лично предводен од Галијани, Балотели дебитираше и веднаш го покажа својот квалитет со голот во четвртата минута. Поранешниот фудбалер на Парма, Антонино Барила во 45. минута зголеми на 2:0, а конечните 3:0 беа поставени во 95. минута преку Марко Армелино.
Монца останува на третото место на табелата со 29 поени, само два зад Салернитана и еден зад второпласираниот Емполи.