Андреа Белоти наредното лето, како слободен играч, ќе го напушти Торино. Преговорите помеѓу Белоти и клубот завршиле неуспешно.
„Белоти нема да го продолжи договорот со Торино. Сепак нема да замине во јануари, туку во јуни, кога ќе му заврши договорот. Кога ќе се раздели со Торино ќе ги разгледаме понудите и потоа ќе решиме каде ќе ја продолжи кариерата“, рекол менаџерот на Белоти.
Гало Белоти, шест години е играч на Торино. Претходно настапувал за Палермо. За Торино има одиграно 213 натпревари, на кои постигнал 93 гола.
Белоти, минатото лето со Италија ја освои титулата на ЕУРО 2020.