Енис Барди постигна фантастични два гола против големата Барселона за да помогне Леванте да дојде до неверојатна 5:4 победа над тимот кој веќе ја освои титулата и чиј сон за сезона без пораз заврши во Валенсија.
Колегата на Барди, Емануел Боатенг постигна хет-трик против Барса без Лео Меси, а Барди додаде уште два гола за неверојатно напаѓачко шоу на тимот кој е само 15. во Ла лига.
Иако македонскиот репрезентативец е познат како фантастичен изведувач на слободни удари, Барди своите два гола ги постигна од игра, од кои посебно беше импресивен првиот постигнат од речиси 20 метри. Една интересна статистика вели дека со шест гола од надвор од шестнаесет метри, Барди е вториот најуспешен во шпанската елита – само Меси има осум постигнати вакви голови.
Леванте бргу стигна до предност од 2:0 со головите на Боатенг во 9. и 30. минута, но Филип Кутињо намали на 2:1 во 38. минута.
Во второто полувреме следуваа пеколни 10 минути од 46. до 56. минута во кои Барди двапати и Боатенг уште еднаш донесоа неверојатна предност од 5:1 на нешто повеќе од половина час до крајот на мечот.
Но, Барса не би била Барса доколку се откаже така лесно. Кутињо го комплетираше својот хет-трик со голови во 59. и 64. минута, пред Луис Суарез во 71. минута да ги донесе Барса на само еден гол разлика.
Enid Bardhi (22) has scored six LaLiga goals from outside this box this season.
Lionel Messi • 8 • is the *only* player with more.
Bardhi loves bangers, pass it on. pic.twitter.com/q8jC10Svho
— Scouted Football (@ScoutedFtbl) May 13, 2018
Фото: ЕПА