Top Sport

Барди во стилот на Роналдињо!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди уште еднаш покажа дека е мајстор за слободни удари, постигнувајќи го израмнувачкиот гол против Валјадолид во Копа дел реј, во меч во кој по првото полувреме е 1:2.

Фантастичниот удар на Барди новинарите од шпанската верзија на „ДАЗН“ ја нарекуваат во стил на Роналдињо и сосема се во право. Ова е само втор меч за Барди по враќањето од повредата која го оддалечи неколку месеци од терените.

Scroll to Top