Top Sport

Баркли во Астон Вила

Рос Баркли до крајот на сезоната ќе игра како позајмен играч во Астон Вила. Менаџерот на Челси, Френк Лампард, поради големата конкуренција во тимот, на позицијата на која игра 26 годишникот, му порачал дека треба да си најде нов клуб.

Баркли треба да биде големо засилување за Астон Вила, иако има само 26 години тој веќе осум сезони игра во Премиер лигата, во Евертон и Челси. Во кариерата настапил 33 пати во дресот на англиската репрезентација.

Инаку според мефиумите во Англија Баркли нема да биде единствениот играч на Челси кој ќе ја засили Астон Вила. Наводно многу блиску до потпис со Вила е и Рубен Лофтус-Чик. И тој сезонава би ја минал како позајмен играч во Астон Вила.

Scroll to Top