Трансферот на Нејмар треба да биде приоритет за Барселона во летниот преоден рок смета поранешниот играч на овој клуб Ривалдо. Нејмар во 2017 година за рекордни 222 милиони евра се пресели од Барселона во Париз, подолг период се шпекулира дека тој сака да се врати на „Ноу Камп“.
Челниците на Барселона ова лето покрај Нејмар ќе се обидат да го ангажираат и Лаутаро Мартинез кој од 1 до 15 јули е достапен за 111 милиони евра.
„Се зборува за намерата на клубот да ги ангажира Нејмар и Лаутаро. Младиот Аргентинец е добар фудбалер. Сепак мислам дека единствено е сигурен облогот дека Нејмар ќе биде во стартните 11 покрај Меси. Гледајќи ги минатите сезони многу одлични фудбалери ен успеаја да ги исполнат очекувањата и да играат крај Меси“, пишува Ривалдо во колумната за „Бетфер“ и додава.
„Нејмар, слично како и Луис Суарез е еден од ретките во светот што не чувствува никаков притисок на теренот, никогаш не се плаши. Тој би бил сигурно решение за клубот, додека Мартинез е млад и талентиран напаѓач кој за две до три години ќе биде добро засилување“.