Барселона и Бока јуниорс ќе се сретнат во пријателски натпревар под името „Марадона куп“ во Саудиска Арабија на 14 декември во чест на одбележување на годишнината од смртта на аргентинската фудбалска легенда.
Диего Армандо Марадона почина на 25 ноември минатата година на 60 години по компликациите по операцијата на главата. „Ел пибе де оро“ ја почна кариерата во Бока јуниорс, пред во 1982 година да се пресели во Барселона и да помине две сезони на „Ноу Камп“. Потоа тој играше за Наполи од 1984 до 1991 година, пред да се врати во Бока до крајот на кариерата во 1997 година.
„Марадона купот“ ќе се игра на „Мрсол парк“ во Ријад пред 25.000 гледачи.
❗️ CONFIRMED MATCH
? @bocajrsoficial
? 14/12
? Barça TV+— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 25, 2021