„Мундо Депортиво“, каталонски медиум што добро ги познава состојбите во Барселона, тврди дека клубот веќе знае кои играчи ќе се обиде да ги донесе наредното лето.
Барселона е во потрага по фудбалери што треба да ги заменат сенаторите, односно играчите што години наназад беа носители на играта. Исклучок е само Лионел Меси, замена за него било невозможно да се најде.
Поради тоа на „Ноу Камп“ се убедени дека Аргентинецот ќе остане во клубот и по 2021 година кога му истекува договорот.
Најтешко ќе им биде да најдат замени за 33 годишните Џерар Пике и Луис Суарез. Пике повеќе е свртен кон своите бизниси. Признава дека некогаш спиел само по четири часа дневно.
Прва мета на Барселона за оваа позиција е Никола Миленковиќ, српски репрезентативец од Фиорентина. Тој вреди околу 50 милиони евра, а доколку преговорите бидат неуспешни, резервната варијанта на Барселона ќе и биде Данецот од Челси, Андреас Кристенсен.
Во одбраната Барселона бара и играч што ќе може да игра на позицијата десен бек. тау го имаат Нелсон Семедо, но во клубот процениле дека тој треба да има добра замена. Опциите биле Џошуа Кимих од Баерн Минхен и Лукас Клостерман од Лајпциг.
Барселона се во потрага и по достоен наследник на Луси Суарез. Уругваецот има постигнато 185 гола за Барселона.
Наводно тука челниците на клубот имале три опции. Ниту еден од играчите што се на тој список не е евтин. Прва опција наводно им бил Хари Кејн, проценет на околу 200 милиони евра.
Во комбинација биле и двајца млади, а веќе докажани напаѓачи со голем потенцијал Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед и Лаутаро Мартинез од Интер, на чии трансфер наводно инсистирал Меси.