Top Sport

Барса ќе почека за титула! Кореа донесе со драматична победа на Атлетико (видео)

Прогласувањето на Барселона за шампион во Ла лига ќе почека, откако Атлетико Мадрид во драматична завршница извлече 3:2 победа над Валенсија за да дојде на 9 поени од Каталонците на врвот на табелата.

Доколу „Лос че“ успеаја да победат на „Ванда метрополитано“, во Каталонија веќе ќе се славеше титулата, бидејќи до крајот на шампионатот има четири кола, а разликата ќе беше недостижни 12 поени.

„Рохибланкос“ дојдоа во рано водство преку Алваро Мората уште во петтата минута, но Кевин Гамеиро во 36. минута израмни на 1:1. Атлетико повторно дојде во предност преку Антоан Гризман на стартот на второто полувреме, пред во 77. минута, Валенсија повторно израмни, овојпат преку удар од белата точка на Дани Парехо, пред само четири минути подоцна Анхел Кореа уште еднаш да го врати водството со прекрасен гол од 20-тина метри!

Scroll to Top