Top Sport

Лазаров и Нант без шанси против Барселона

Барселона уште еднаш покажа дека е меѓу фаворитите за титула од Лигата на шампиони оваа сезона, откако со високи 32:25 (16:12) триумфираше кај Нант на Кирил Лазаров и по првиот меч му следи само рутински реванш во Каталонија за потврда на местото на фајнал форот.

По минатогодишната елиминација во четврт-финалето од уште еден француски клуб (Монпелје), овојпат каталонскиот гигант не остави ништо на случајноста, почнувајќи полека да гради предност во првото полувреме, за потоа во второто целосно да ја преземе контролата на мечот и да стигне до убедлива победа.

Французинот Лудовик Фабрегас ги „утепа“ Нант со девет постигнати голови, додека Арон Палмарсон и Жилберто Брито Дуарте додадоа по три. Кирил Лазаров немаше добра партија против својот поранешен клуб и додаде само два гола на своите 70 во ЛШ оваа сезона, додека Валеро Ривера беше најрасположен за игра со осум гола.

Scroll to Top