Top Sport

Барса првпат со најголема заработувачка на светот

Барселона првпат во историјата е на првото место по заработувачката во 23. издание на најеминентниот финансиски извештај на компанијата „Делоит“, како единствен клуб кој ја скрши границата од 800 милиони евра приход.

Клубот од „Ноу Камп“ заработил 840.8 милиони евра во текот на сезоната 2018/19, симнувајќи ги лутите ривали Реал Мадрид од првото место. „Делоит“ сметаат дека Барса ќе остане на првото место и во 2021 година, а во следните години би станал првиот клуб кој генерирал над милијарда евра.

Реал Мадрид се втори со 757.3 милиони евра, додека Манчестер јунајтед и покрај продолжувањето на потпросечните резултати, финансиски најдобро стојат од сите англиски клубови со третото место со 711.5 милиони евра. Во топ 5 се уште и Баерн Минхен (660.1 милиони евра) и Пари Сен-Жермен (635.9 милиони евра).

Јунајтед се еден од осумте премиерлигаши во топ 20, покрај Манчестер сити (5), Ливерпул (7), Тотенхем (8), Челси (9), Арсенал (11), Вест хем (18) и Евертон (19).

Наполи и Лион се единствените нови клубови во топ 20, каде што уште се и Јувентус, Борусија Дортмунд, Атлетико мадрид, Интер, Шалке и Рома.

Scroll to Top