Top Sport

Невил: Не би сакал да играм во одбраната во овој тим на Манчестер јунајтед

Легендарниот играч на Манчестер јунајтед, Гери Невил, испорача жестоки критики до Оле Гунар Солскјер и неговите фудбалери, по поразот во Лестер (4:2).

„Јунајтед има големи проблеми. Пред неколку недели реков дека ќе има проблем кога ќе налета на организиран и сериозен тим. Тоа сега се случува. Астон Вила, Евертон, Виљареал и Лестер се сериозни тимови и се случи она на што предупредував. Против организирани тимови Јунајтед нема шанси. Го растиру Астон Вила, го растури Евертон, и Виљареал го растури иако резултатот не е таков и сега го растури и Лестер. А најлошото допрва доаѓа. Наредниот викенд Ливерпул, па Тотенхем, па Сити“, рекол Невил и дополнил.

„Солскјер во тимот ги стави Гринвуд, Санчо, Роналдо, Погба и Бруно Фернандеш. Јас во тој тим не би сакал да играм во одбраната. Тоа се фантастични играчи, но со нив нема доволно работници на теренот. Поради тоа во минатото, натпревари за Јунајтед добиваа Дарен Флечер, Џон О’Шеј, Ники Бат, Том Клеверли, Парк ји-сунг, Овен Харгривс. Покрај креативци во тимот мораш да имаш и работници“.

„Кога ја немаат топката, Јунајтед не се ниту блиску до најдобрите тимови. Најлоши се кога треба да играат пресинг од сите тимови кои се при врвот. Погледнете го притисокот на Челси. Па Јунајтед под таков притисок ќе се распадна за 15 минути. Не може Јунајтед да се носи со она што го играат Ливерпул, Сити и Челси“, заклучил Невил.

Scroll to Top