Барселона се надева дека ја реши кризата со повреди на напаѓачите со носењето на Мартин Брејтвајт од Леганес, но за малиот клуб од мадридското предградие ова е сценарио за катастрофа.
Ла лига дозволи Барселона да добие „итно засилување“ по повредите на Луис Суарез и Усман Дембеле, и тоа тие го решија со активирање на откупната клаузула од 18 милиони евра за Данецот Брејтвајт, оставајќи го Леганес „практично“ без напаѓач и во исто време одбивајќи го нивното барање за засилување.
Брејтвајт заминува неколку недели откако Севилја им го откупи другиот најдобар стрелец, Јусеф Ен-Несри. „Пеперинос“ се на 19. место на табелата, израмнети со по 19 поени со последнопласираниот Еспањол, и по заминувањето на Ел-Несри и Брејтвајт имаат тројца напаѓачи кои оваа година имаат постигнато НУЛА голови!
Генералниот директор на Леганес, Мартин Ортега, нормално е разочаран.
„Сакаме да го кренеме гласот. Сега сме во ситуација во која ни е нанесена огромна штета. Не можеме да сфатиме дека клуб кој има повреден фудбалер може да направи ваква операција на друг клуб без нивна согласност. Ни беше потребно големо време да влеземе во Ла лига и да останеме тука и ќе се потиме да останеме тука. Уштен е сме испаднати“, вели Ортега.
Тој, сепак, призна дека тие не се лутат на Брејтвајт, туку му се заблагодари за професионалноста.
„Сакам да се заблагодарам на играчот, кој беше голем професионалец до заминувањето. Нему лично му посакуваме најдобра среќа“, додава Ортега.
Брејтвајт во Барса – има поголема клаузула за откуп од Нејмар