Top Sport

Барселона го нуди Франк Кеси на Интер во размена за Марсело Брозовиќ

Каталонскиот гигант Барселона испрати понуда до Интер за Марсело Брозовиќ. Поточно, се работи за предлог за замена на играчи. Шпанците го нудат четири години помладиот Франк Кеси за Марсело Брозовиќ.

Играчот од средниот ред на Брегот на Слоновата Коска дојде во Барселона ова лето без обештетување откако со одличните настапи го предводеше Милан до титулата во Италија.

Кеси беше еден од клучните играч на шампионскиот тим на „росонерите“, но и сите пет години во Милан, за кој одигра 223 натпревари, постигна 37 и асистираше при 16 гола.

Сепак, откако дојде во Барселона пред половина година, успеа да собере само шест натпревари во првиот тим. Кеси не може да се пробие во силната конкуренција која владее во линијата за врска на Барса, па затоа клубот сака да го искористи за да го доведе Брозовиќ, кој е нивна долгогодишна желба.

Договорот со Интер го обврзува Брозовиќ до летото 2026 година.

Scroll to Top