Top Sport

Валенсија сака да го купи Аријан Адеми

Шпанскиот прволигаш Валенсија е заинтересиран да го купи капитенот на Динамо Загреб и македонски репрезентативец, Аријан Адеми, објави „Марка“. Тренерот Џенаро Гатузо сака да го засили средниот ред на тимот и смета дека Адеми би бил одлично решение.

Раководството на Валенсија сепак ќе треба да го убеди Динамо Загреб, а и самиот Адеми, кој досега одби неколку одлични понуди за заминување во странство, со добра финансиска поткрепа.

Покрај Валенсија, како што тврди „Марка“, за Адеми се заинтересирани и два клуба од Премиерлигата.

Динамо Загреб оваа зима го продаде Мислав Оршиќ, а најавени се трансфери и за голманот Доминик Ливаковиќ и за напаѓачот Бруно Петковиќ.

Scroll to Top