Каталонскиот гигант Барселона тргнува во офанзива за ангажман на ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала. Тој ќе го напушти клубот на крајот на сезоната како слободен агент откако денеска и дефинитивно пропаднала можноста за обновување на соработката.
Јувентус објави дека одлуката е донесена во интерес на клубот, а агентот на Дибала веќе има понуди од Интер, Тотенхем и од Њукасл.
Барселона одигра фантастично на „Ел Класико“ и го декласира Реал Мадрид, а тренерот Чави сака да го надгради тимот и со Дибала како замена за Дембеле.