Top Sport

Барселона и Јувентус се распрашувале за Обамејанг

Барселона и Јувентус испратиле понуди во Лондон за фудбалерот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, во декември го отстрани Обамејанг и му ја одзеде капитенската лента. Од тој момент Габонецот ниту еднаш не се најде во ростерот на Арсенал.

Напаѓач, во овој момент повеќе и е потребен на Барселона. Јувентус го завршија трансферот на Дуашан Влаховиќ, а во тимот ги имаат Алваро Мората и Мојзе Кин.

Според медиумите, трансферот на Обамејанг зависи од Мората. Доколку Барселона успее да се договори со Атлетико Мадрид и го донесе Мората на позајмица, тога Обамејанг би се преселил во Јувентус.

Прашање е само дали Јувентус и Барселона можат да ја покријат платата на Обамејанг. Габонецот во Арсенал заработува 300.000 фунти неделно.

Scroll to Top