Top Sport

Руни го одбил стариот клуб Евертон

Вејн Руни открива дека ја одбил можноста да се врати на својот прв клуб Евертон, откако првиот човек на второлигашот Дерби каунти не се појавил на „интервју“ со управата на „карамелите“ за да биде наследник на Рафа Бенитез, кој беше отпуштен на 16 јануари.

Френк Лампард и Португалецот Витор Переира остануваат фаворити за испразнетото место во клубот од Ливерпул, но дел од навивачите сакаа враќање на нивниот поранешен напаѓач, кој сега вели дека е посветен на Дерби.

„Евертон контактираа со мојот агент и побараа да одам на интервју за работа. Но, ги одбив. Мислам дека ќе бидам менаџер во Премиерлигата и дека сум 100 отсто подготвен за тоа, но имам работа во Дерби, која ми значи многу“, вели Руни.

Руни, кој е роден во ливерпулскиот кварт Крокстет, произлезе од академијата на Евертон, за како тинејџер да влезе во првиот тим и да постигне 17 гола во 77 настапи на „Гудисон парк“, пред во 2004 да замине во Манчестер јунајтед, каде што помина 13 сезони и стана најдобар стрелец во историјата на клубот, пред да се врати една сезона во Евертон во 2017 година.

Scroll to Top