Раководството на Барселона ја донесе конечната одлука за иднината на Маркос Алонсо. Ветеранот ќе остане во клубот.
Во последните два дена се појавија информации дека 32-годишниот Шпанец, кој сѐ уште не е регистриран, ќе биде продаден поради високата плата. Се зборуваше дека може да се врати во Премиерлигата или да се упати во Саудиска Арабија.
Сепак, според каталонски „Спорт“, Чави и клупското раководство го увериле Алонсо дека на него ќе се смета претсојната сезона.
Клубот ќе се обиде да го регистрира оваа недела, но доколку не успеат сега, тоа сигурно ќе биде направено до 30 септември.
Алонсо ќе биде вториот избор на Чави оваа сезона, а Алехандро Балде е сигурен стартер на левата бековска позиција сѐ додека е здрав. Поранешниот играч на Челси беше користен и како лев централен дефанзивец, но со потписот на Ињиго Мартинез таа позиција сега е подобро покриена.