Барселона постигна договор за нова соработка со еден од најголемите таленти, Гави. Младиот фудбалер ќе потпише нов договор до јуни 2026 година.
Шпанскиот репрезентативец ќе добие значително зголемување на платата, а Барселона постави откупна клаузула од 1 милијарда евра.
Гави минатата сезона дебитираше за првиот тим на Барселона, блесна веднаш и одигра вкупно 34 натпревари во Ла Лига или 47 вкупно во сите натпреварувања. Тој веќе има и 10 настапи за најдобрата селекција на Шпанија.