Top Sport

Јанис и екипата ги растурија Вориорс, не запира серијата на Мемфис, убедлив пораз на Бруклин

Актуелните шампиони Милвоки Бакс ги декласираа Голден стејт Вориорс во НБА лигата. Ноќта ја обележаа поразот на Бруклин Нетс, 11.последовна победа на Мемфис Гризлис и убедливите триумфи на Њу Орлеанс Пеликанс и Денвер Нагетс.

Милвоки за едно полувреме го декласираа тимот на Голден стејт. Јанис и екипата, првиот дел го добија со неверојатни 77:38. Гркот го предводеше тимот со третиот трипл-дабл во сезоната (30 поени, 12 скока, 11 асистенции). 20+ поени постигнаа Крис Мидлтон (23 поени, пет скока, седум асистенции) и Боби Портис (20 поени, седум скока).

Кај Вориорс најефикасен беше Ендру Вигинс со 16 поени.

Мемфис славеа во дуелот со Минесота 116:108. Гризлис се во најдобра форма од сите тимови во лигата. Против Минесота ја запишаа 11.последовна победа. Дезмонд Бејн со 21 и Џарен Џексон јуниор со 20 поени ги предводеа Гризлите.

Ентони Едвардс со 30 и Дианџело Расел со 29 поени беа најефикасните играчи на Минесота.

Бруклин против Оклахома го забележаа шестиот пораз на последните девет натпревари. Оклахома убедливо ги победи Бруклин со 130:109.

Блескаше Шеј Гилџус-Александер со 33 поени, 10 скока и девет асистенции. Нетс ги предводеше Џејмс Харден со 26 поени.

Уште еден тим славеше убедлив триумф. Денвер со 140:108 го победија Портланд. Вил Бартон постигна 21 поен, а Никола Јокиќ 20 поени на кои придодаде осум скока, седум асистенции и две блокади.

Scroll to Top