Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19.
Клубовите пред три недели добија дозвола да започнат со тренинзи, најпрвин играчите мораа да ја почитуваат социјалната дистанца, а од пред неколку дена тренинзите се целосно нормализирани.
Пред него што се вратија во тренинг-центрите сите во клубовите (фудбалери, тренери, персонал) беа тестирани. Во Шпанија немаше многу заразени, а медиумите тврдат дека клубовите не ги објавувале вистинските податоци.
Каталонското радио „РАЦ1“ објави дека имало заразени во екипата на Барселона. Наводно петмина фудбалери и двајца од тренерскиот тим биле позитивни на првите тестирања.
Никој од нив не покажувал симптоми и многу бргу закрепнале. „РАЦ1“ потенцира дека е многу чудно што Барселона не ги објави јавно овие податоци.