Каталонскиот гигант Барселона влезе во преговори за трансфер на Хуан Фојт од Вилјареал. Агентот на аргентинскиот репрезентативец е виден во просториите на Барселона за да го слушне предлогот на клубот.
Фојт е дефанзивец, кој најчесто игра на десната бековска позиција, но може добро да одговори и како стопер.
Тренерот Чави итно бара ново засилување на позицијата десен бек, а меѓу целите е и Томас Муние, белгискиот интернационалец од Борусија Дортмунд.