Валенсија ја надигра и ја порази Барселона со 2:0 во дерби мечот, одигран во рамките на 21 коло во Ла Лига. Со овој триумв Валенсија го прекина 13 годишниот пост во дуелите со Барселона кога станува збор за меѓусебните дуели Валенсија.
На „Местаља“ играчите на Валенсија ги надиграа колегите од Барселона, а херој на победата е Уругваецот Макси Гомез кој ги постигна головите. Гомез можеше да забележи и хет-трик меѓутоа не искористи пенал во 12 минута при резултат 0:0.
Првиот дел заврши без голови благодарение на Тер Штеген кој покрај одбранетиот пенал успеа да фати уште три тешки топки. Барселонаво првиот дел имаше само еден директен удар во рамките на голот кој го бранеше Доменек.
Само што започна второто полувреме Валенсија постигна гол. Гомез упати удар кон голот на Тер Штеген, на патот кон голот таа го закачи Алба и заврши во мрежата.
Уругваецот во 72 минута го постигна вториот гол. Тој мајсторски во гол ја претвори асистенцијата на Феран Торес.