Top Sport

Барселона за првпат ќе биде комплетна по три месеци пауза

Тренерот на Барелона, Чави Ернандез, потврди дека неговиот тим конечно ќе биде комплетен по цели три месеци. Французинот Осман Дембеле се опорави од повредата и се врати во составот на каталонскиот гигант.

Дембеле ја заработи повредата на натпреварот против Џирона на крајот на јануари и првично требаше да отсуствува еден месец. Сепак, работите се искомпликуваа, Дембеле беше тешко повреден и мораше да оди на многу подолга рехабилитација.

Покрај него, во тимот по повреда и тринеделна пауза се врати и Андреас Кристенсен, па Барселона сега е комплетирана за првпат од јануари.

Барса го пречекува Бетис в сабота од 21 часот.

Scroll to Top