Top Sport

Барселона загуби две ѕвезди за реваншот на „Олд Трафорд“

Барселона ремизираше 2:2 со Манчестер Јунајтед на „Камп Ноу“ и ќе следува интересен реванш на „Олд Трафорд“, на стартот од плејофот елиминациската фаза од Лига Европа.

Шпанците за овој меч загубија двајца клучни играчи, кои за една недела нема да патуваат на реваншот.

Педри е повреден, додека Гави е казнет поради акумулирани три жолти картони.

Педри уште пред паузата го напушти теренот поради повреда, а клубот објави дека се работи за истегнување на бутниот мускул. Првичните прогнози се дека талентираниот играч за врска нема да игра од три до четири седмици.

Педри ќе го пропушти не само реваншот со Манчестер Јунајтед, туку и дербито со Реал Мадрид во полуфиналето на Купот на кралот на 2 март.

Од почетокот на сезоната Педри и Гави се незаменливи за тренерот Чави Ернандез. Педри досега пропушти само два натпревари, а Гави само еден.

Scroll to Top